Нетанјаху патува во Унгарија за да се сретне со премиерот Виктор Орбан

од Марта Пешевска
117 прегледи

Нетанјаху ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во ноември ја отфрли одлуката на Меѓународниот кривичен суд (МКС) да побара апсење на израелскиот премиер за наводни воени злосторства во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

Орбан го покани Нетанјаху во официјална посета на Унгарија, а израелскиот дневен весник потсетува дека премиерот, како и речиси секоја година, ќе биде во странство за време на еврејскиот шабат, заедно со својата придружба и обезбедување, на сметка на даночните обврзници.