26
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара да се укине закажаната кривична постапка против него, во која требаше да сведочи оваа недела, поради операцијата за отстранување на простатата, која требаше да ја изврши денеска.
Во барањето на Нетанјаху, кое неговиот адвокат Амит Хадад го испрати до Окружниот суд во Ерусалим, се наведува дека на премиерот ќе му биде извршена операција под целосна анестезија и ќе остане во болница „неколку дена“, пренесe „Тајмс оф Израел“.
„Во овој момент, од судот се бара да ги откаже судењата закажани за оваа недела“, рече Хадад, додавајќи дека „ќе го извести судот за понатамошниот развој на ситуацијата“.