Нетанјаху: Вакцинацијата против корона ќе започне на 27 декември

од Stefanija Kuzmanovska
234 прегледи

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва објави дека неговата влада ќе организира почеток на вакцинација на населението против коронавирус на 27 декември.

На прес-конференцијата тој изјавил дека Израел е подготвен да вакцинира 60.000 луѓе на ден, што ги означи како „голем број“ за земја во која живеат девет милиони луѓе, пренесе АП.

Стотици илјади дози се очекуваат во наредните денови.

Нетанјаху исто така најави дека ќе биде првиот во Израел кој ќе ја прими вакцината, велејќи дека сака да биде пример за јавноста.

Оние кои ќе се вакцинираат ќе добијат специјални мапи или телефонски апликации што ќе им овозможат слободно движење и ќе помогнат во обнова на економијата.

Нетанјаху најави дека вакцинираните ќе имаат привилегии, пристап до трговски центри и други места, објавија израелските медиуми.

Слични содржини