Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше денеска на одлуката на ОН да започне меѓународна истрага за злосторствата во Газа. Нетанјаху смета дека овој чин ги охрабрува терористите ширум светот.
„Денешната срамна одлука е уште еден пример за анти-израелска опсесија на Обединетите нации. Уште еднаш, мнозинството во Советот за човекови права застана во одбрана на геноцидна терористичка организација која намерно цели израелски цивили, истовремено претворајќи ги цивилите од Газа во жив штит“, рече израелскиот премиер во изјавата.
Нетанјаху оцени дека „оваа пародија го исмева меѓународното право и ги охрабрува терористите ширум светот“.
Советот за човекови права на ОН донесе одлука денес да започне меѓународна истрага за злосторствата извршени за време на единаесетдневниот конфликт меѓу Израел и палестинскиот Хамас во Газа.
Today's shameful decision is yet another example of the UN Human Rights Council's blatant anti-Israel obsession.
— Benjamin Netanyahu (@netanyahu) May 27, 2021
„Несомнено е дека Израел има право да го брани својот народ. Сепак, Палестинците исто така имаат права. Истите права“, рече Високиот комесар на ОН за човекови права Мишел Бакел и ги повика израелските власти „веднаш да го запрат процесот за иселување на палестинските семејства во согласност со израелските обврски и врз основа на меѓународното право“.
За покренување на истрагата гласаа 24 држави, девет беа против, а 14 беа воздржани, со што ова тело на ООН ја усвои резолуцијата поднесена од Организацијата за исламска соработка и палестинската делегација до Обединетите нации.