Нетфликс доаѓа и во Македонија

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Популарниот видео сервис Нетфликс  сподели дека ја стартува својата услуга во 130 нови земји, вклучувајќи ја и Македонија. Компанијата го направи ова известување на ЦЕС 2016, кој започна  во Лас Вегас.netflix

– Денеска сме сведоци на раѓањето на нова глобална ТВ мрежа, изјави извршниот директор на компанијата Рид Хејстингс. „Со овој потег, корисниците од цел свет – од Сингапур до Санкт Петерсбург, од Сан Франциско до Сао Паоло – ќе бидат во можност да уживаат во ТВ серии и филмови истовремено – без чекање. Со помошта на Интернет, ние ја ставаме моќта во рацете на корисниците да гледаат кога и да сакаат, каде и да сакаат и на што и да сакаат“, додаде тој.

За определена цена, членовите ширум светот ќе можат да уживаат во оригиналните серии на Нетфликс, вклучувајќи ги Daredevil и Jessica Jones на and Marvel, Narcos, Sense8, Grace and Frankie, Marco Polo како и каталог на лиценцирани ТВ серии и филмови. Во 2016-та, компанијата планира да пушти 31 нова серија, над 20 оригинални филмови и документарци, широк опсег на стенд-ап комедии и 30 оригинални детски серии – достапни секое време на сите членови насекаде во светот.

Цените се движат од 7.99 евра за гледање на содржината на еден уред во SD резолуција, 9.99 eвра за гледање на содржината на два уреда истовремено и во HD резолуција и 11.99 евра за гледање на содржината на четири уреди во HD и ултра HD резолиција.

Услугата можете да ја пробате еден месец бесплатно, регистрирајте се на овој линк!

Слични содржини