Доделувањата на филмските награди Златен глобус се смета за почеток на врвот на сезоната филмски награди, а овогодинешните 77 по ред, кои ќе се одржат вечерва по полноќ, би можеле да бидат во знакот на Нетфликс.
Нетфликс со дури 17 номинации им пркоси на останатите филмски продуценти, а го следат Сони со осум и Дизни и Варнер Брос со по шест номинации. И меѓу телевизиските продуценти доминира Нетфликс, исто така со 17 номинации, ХБО има 15, а Хулу и Прајм Видео по пет.
Во главната категорија се борат дури три Нетфликсови оригинални филмови, што би значело дека филмската индустрија во доследно време би можела да се префрли од кино салите во домовите. Драмата „Marrieage Story“ освои најмногу, шест номинации за Златен глобус, а со по пет ја следат „The Irishman“ кој исто така се прикажува на Нетфликс и „Си беше еднаш во Холивуд“ од Тарантино, додека „Џокер“ од Варнер Брос и „The Two Popes“ од Нетфликс овсоија по четири номинации.
Меѓу телевизиските острварувања ситуацијата е нешто поедначена, „Чернобил“ (HБО), The Crown (Нетфликс) и Неверојатно (Нетфликс) се најдоа на врвот на листата со по четири номинации.
Церемонијата на доделување Златни глобуси, често е и повеќе од точен индикатор како и на кого ќе му бидат доделени Оскарите. Златен глобус е свеченост која на исто место ги собира телевизискиот и филмскиот свет.
Британскиот комичар Рики Гервајс по рекорден петти пат ќе биде домаќин на свеченоста на Беверли Хилс, а од него се очекуваат провокативни шеги. Но, вети дека тоа ќе биде последен пат.
Овогодинешниот Златен глобус за животно дело ќе го добие Том Хенкс за големите достигнувања во филмскиот свет во кој е познат и како филмски продуцент, а не само како актер, одлучија 90 членови на Холивудското здружение на медиуми. Американскиот актер е добитник на два Оскари и четири Златни глобуси.