Серијата „Бриџертон“ повеќе не е најуспешната серија на Нетфликс на сите времиња. На престолот беше заменет со корејската серија „Squid Game“, а Нетфликс потврди дека серијата ја гледале дури 111 милион корисници, со што официјално е соборен рекордот на гледаност.
Од започнувањето на 17 септември, драмата за преживување со девет епизоди е на врвот на популарните ТВ-листи на Нетфликс во 94 земји, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција и многу други земји низ целиот свет.
Особено, во САД, „Squid Game“ стана првата не-англиска содржина, која остана на првото место 21 ден по ред.
„Откако Нетфликс ја започна својата корејска услуга во 2015 година, нашата цел беше да покажеме квалитетна содржина направена од Кореја на оние што ги сакаат корејските серии низ целиот свет“, рече Ким Минјанг, потпретседателот за содржина во азиско-пацифичкиот регион, без Индија.
„Squid Game“ ни помогна да го оствариме нашиот сон “, рече таа.
It took more than 10 years for Hwang Dong-hyuk to get Squid Game made.
It only took 17 days and 111M global fans to become our biggest ever series at launch (and the first to surpass 100M when it premiered). pic.twitter.com/zVF8GjHIkQ
— Netflix Geeked (@NetflixGeeked) October 12, 2021
Заплетот на серијата „Squid Game“, во режија и сценарио на Хванг Донгјук, покажува стотици луѓе кои се натпреваруваат во смртоносни верзии на корејски детски игри за да освојат парична награда од 38,5 милиони американски долари.
Хаштагот #squidgame на социјалната мрежа TikTok има повеќе од 22 милијарди прегледи.