Нетфликс официјално одби да ја обележи серијата „Круна“ како фикција

од Vladimir Zorba
445 прегледи

Стриминг платформата Нетфликс, и покрај бројните барања, одби да ја обележи четвртата сезона на серијата „Круна“ како фикција, пишува „The Independent“.

Критичарите посочија дека серијата содржи низа измислени клучни сцени и изразија загриженост дека публиката можеби нема да сфати дека станува збор за фикција.

Ова создава посебен проблем за кралското семејство, кое повторно се соочува со бројни критики во јавноста поради начинот на кој се однесуваа кон принцезата Дијана. Принцот Чарлс и војвотката Камила се под посебен напад, бидејќи серијата се однесува на периодот во кој двајцата тајно се забавувале додека принцот бил оженет со Дијана.

Актерката Хелена Бонам Картер, која ја игра принцезата Маргарет во серијата, изјави дека Нетфликс има „морална одговорност“ да ги опишува настаните во серијата како измислени.

Сепак, портпаролот на Нетфликс во краткото соопштение за јавноста рече дека е многу јасно дека станува збор за фикција.

„Ние целосно веруваме дека гледачите на сериите разбираат дека станува збор за фикција заснована врз историски настани. Немаме планови и не гледаме потреба да укажуваме во иднина дека станува збор за фикција “, накратко соопштија оттаму,

Слични содржини