„Нетфликс“ планира да ја зголеми цената на своите услуги

од Stefanija Kuzmanovska

Платформата „Нетфликс“ планира да ја зголеми цената на своите услуги без реклами по завршувањето на штрајкот на холивудските актери, објави денеска „Волстрит журнал“.

Според весникот, „Нетфликс“ преговара за покачување на цените на неколку пазари ширум светот, но најверојатно ќе започне од САД и Канада, пренесува „Ројтерс“.

Не се знае колку „Нетфликс“ ќе ги покачи цените, ниту кога ќе стапат на сила новите цени.

Платформата во февруари ги намали цените на своите услуги во некои земји, а истиот месец презентираше план за сузбивање на споделувањето лозинки меѓу претплатниците, кој беше воведен во повеќе од 100 земји во мај, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини