Нетфликс прави сопствен документарец за Бритни Спирс

од Stefanija Kuzmanovska
329 прегледи

Откако документарецот од Њујорк Тајмс Framing Britney Spears привлече големо внимание во јавноста, Нетфликс планира да направи сопствен филм во кој ќе се зборува за животот на поп принцезата.

Њујорк Тајмс претходно објави документарец на стриминг сервисот Хулу, а Framing Britney Spears стана документарецот за кој најмногу се зборува во 2021 година. Сега Нетфликс сака да го стори истото.

Ова, меѓутоа, нема да биде првпат два стриминг гиганти да објават филмови со слична тема во исто време.

Странските медиуми велат дека веќе се снимал документарец за животот на поп-sвездата, во моментот кога Њујорк Тајмс го објави сопствениот филм.

Датумот на објавување засега е непознат.

Слични содржини