Netflix инвестира 100 милиони долари во диверзификација

од Stefanija Kuzmanovska
417 прегледи

По објавувањето на неговиот прв извештај за родовата еднаквост во јануари, Netflix ги објави и резултатите од студијата за своите филмови и серии нарачани од САД во текот на 2018 и 2019 година. Иако претходниот извештај го опфаќаше составот на вработените во Нетфликс, сега тој состав е проширен со многу повеќе луѓе и соработници.

Netflix денес објави фонд за креативен капитал кој ќе инвестира 100 милиони долари во текот на пет години во диверзификација во својата компанија и на филмското платно. Тој ќе работи со надворешни организации за кои ко-извршниот директор Тед Сарандос изјави дека постигнуваат големи резултати во оваа област. Фондот, исто така, ќе оди во насока на воспоставување на прилагодена програма на Netflix, која ќе помогне да се идентификуваат, обучат и обезбедат работни места за идните таленти низ целиот свет.

Не случајно Netflix оваа година одлучи да објави извештаи за диверзификација, како во рамките на популацијата на вработени, така и во рамките на нејзините продукции. Минатиот септември, кога компанијата го објави првиот тизер за својата тинејџерска драмска серија „Grand Army“, писателката Минг Пејфер рече дека таа и тројца други писатели го напуштиле шоуто поради расистичка експлоатација и злоупотреба.

Генерално, резултатите покажуваат дека Netflix навистина направил некои подобрувања во последните две години. Сите погледи сега се насочени кон Netflix и нивната реакција на поставувањето подобри стандарди за малцинствата во нивната компанија.

Слични содржини