Сите ги мразат „спојлерите“, и затоа Netflix одлучи да се „ослободи“ од 100-те најголеми обожаватели на мегапопуларната серија „La Casa de Papel“.
Мислејќи дека патуваат за Мадрид за да присуствуваат на специјалната проекција на новата сезона, стоте најголеми обожаватели на серијата што стриминг гигантот ги регистрираше како луѓе кои најмногу ги споделуваат настаните на Интернет, беа „киднапирани“ веднаш откако се качија во авион.
Еден од ликовите од серијата им се претстави на патниците на летот и рече дека тие ќе можат ексклузивно да ги гледаат епизодите од новата сезона во авионот. Летот траеше пет и пол часа – вкупно пет епизоди од петтата сезона.
Идејата беше фановите да немаат можност да ги споделат деталите за серијата на социјалните мрежи.