Netflix неодамна воведе нова функција за мобилната верзија наречена „Highlights“, која може да се преведе како „најдобрите моменти“.
Поради ограничувањата на DRM (управување со дигитални права), „скриншотите“ на Netflix се затемнуваат освен ако ова ограничување не се заобиколи со други методи, било на веб или на мобилна верзија. Сепак, новата опција „Highlights“ им нуди алтернатива на корисниците.
Новата функција им овозможува на корисниците на мобилни телефони да ги обележат „најдобрите сцени“ додека гледаат содржина. Тие само треба да го притиснат копчето на дното на екранот за да ја зачуваат моменталната сцена.
Следниот пат кога гледаат, корисниците можат да започнат со репродукција од означеното време. Овие „најдобри моменти“ ќе бидат зачувани во посебен дел и ќе можат да се споделат со пријателите. Ќе се означи и точниот временски печат (на пример, почнувајќи од „X минути и X секунди“).
Функцијата „Highlights“ не е функција на скриншот, туку функција за обележување, но сепак, на некој начин, може да се смета за решение. Моментално е достапен само на iOS, додека на Android доаѓа во наредните недели.