Бројни сцени од моментално најпопуларната серија во светот Squid Game се отстранети, пренесе „Daily Mail“.
Јужнокорејската драма за преживување емитуваше телефонски број во неколку сцени, и на крајот се покажа дека бројот припаѓа на Јужнокореец. Многу фанови почнаа да го бираат тој број секој ден, а неговиот сопственик за странските медиуми изјави дека бил изненаден.
„По емитувањето на серијата, добивав повици и пораки цел ден, до тој степен што ми беше тешко да се фокусирам на секојдневниот живот“, рече тој.
Netflix сега одлучи да ја отстрани сцената во која се прикажува спорниот телефонски број за да се заштити приватноста.
„Ние се уште работиме со продуцентската компанија за да го решиме проблемот. Исто така, уредуваме сцени што го покажуваат тој телефонски број“, изјави портпаролот на Netflix за Independent.
Имено, странските медиуми пишуваат дека сцените од серијата што Netflix конечно одлучи да ги отстрани, се уште се видливи за корисниците на Netflix во Австралија.
Да потсетиме, серијата прикажува група луѓе кои немаат среќа и кои се принудени заедно да учествуваат во бизарна серија игри за преживување за пари. Ако не ги завршат предизвиците (составени од морничави пресврти во класичните детски игри), тие умираат.
На потенцијалните учесници им се дава визит -карти на кои пишува број на кој треба да се јават за да бидат поканети во играта.