Netflix планира да лансира 40 аниме серии во 2021 година

од Vladimir Zorba
282 прегледи

Netflix на Tokyo Anime Japan 2021 eкспо соопшти дека ќе објави 40 нови аниме наслови во 2021 година, пренесе Блумберг, откако ланската аниме серија Blood of Zeus беше огромен успех.

Нови серии се очекува да излезат оваа година и ќе вклучува адаптација на јапонската манга Record of Ragnarok, чија премиера ќе биде во јуни; Yasuke, за африкански самурај во феудална Јапонија, чија премиера ќе биде на 29 април; Resident Evil: Infinite Darkness, која се базира на популарната франшиза за видео игри. Netflix претходно го објави анимето The Way of the Househusband, базиран на популарната јапонска манга, која ќе дебитира на 8 април.

Светскиот пазар на аниме достигна 23 милијарди долари минатата година и се очекува да порасне на повеќе од 36 милијарди долари до 2025 година, според Блумберг. Поради ваквите предвидувања, јапонски Sony реши да ја купи видео-страницата Crunchyroll за околу 1,2 милијарди долари, иако во моментот таа набавка е „на чекање“.

Според „Њујорк Тајмс“, Netflix објави дека бројот на домаќинства што гледале аниме од минатата година е зголемен за дури 50% во споредба со 2019 година.

Слични содржини