„Netflix“ тужен од руските претплатници: Бараат отштета од 724.000 долари

од Vladimir Zorba
195 прегледи

„Netflix“ се најде на удар, бидејќи претплатниците на стримерот во Русија решија да ја тужат услугата. Причината е јасна – пристапот им беше укинат поради инвазијата на Украина.

Како што е познато, „Netflix“ ги оневозможи услугите за гледање во Русија. Ги прекина и сите нови преговори и продукцијата на руски серии.

Адвокатската канцеларија „Чернишов, Лукјанов и партнерите“ поднесе тужба против „Netflix“.

– Причината е кршењето на правата на руските корисници поради одлуката на „Netflix“ да престане да дава услуги во Русија – се наведува во тужбата.

Се бара отштета од 60 милиони рубљи или 724 илјади долари.

Слични содржини