Нето надворешниот долг на земјата зголемен за 109 милиони евра

од Илинка Илиоска
23 прегледи

На 30. јуни 2024 година, нето надворешниот долг на Република Северна Македонија изнесува 4.481 милион евра, што е 30,8% од проектираниот бруто домашен производ (БДП). Според податоците објавени од Народната банка, во вториот квартал од 2024 година, нето надворешниот долг се зголемил за 109 милиони евра, односно за 2,5%.

Структурата на надворешниот долг покажува дека приватниот нето-долг продолжува да има поголемо учество, со 64% од вкупниот нето-долг. Исто така, во текот на вториот квартал, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 185 милиони евра, достигнувајќи 8.622 милиони евра, што претставува 59,2% од проектираниот БДП за 2024 година.

Повеќе информации и детали за промените во надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција се достапни на следниот ЛИНК.

Слични содржини