Шампионката во алпско скијање, Линдзи Вон, на несекојдневе начин го изненади своето момче ПК Субан, кој е хокејар за тимот на Њу Џерси Девилс.
Американката, според објавата на Твитер, со прстен го запроси ПК, со што сакала да му даде до знаење дека е сериозна во своите намери.
„Среќни празници на сите. На нашата втора годишнина, се решив на нетрадиционален чекор, го запросив ПК и тој кажа ‘да’. Жените не се единствени кои добиваат свршенички прстени“, напиша Линдзи на Твитер.
Интересно е што ПК веќе ја запроси Линдзи, која ја прифати понудата. Притоа, се зборуваше дека прстенот кој таа го доби вредел околу 60.000 долари.
Merry Christmas and happy holidays everyone!! On our 2 year anniversary, in a “non traditional” move, I asked PK to marry me and he said, Yes ☺️! Women aren’t the only ones who should get engagement rings! #MerryChristmas #equality pic.twitter.com/hhdm85RoWi
— lindsey vonn (@lindseyvonn) December 25, 2019