Нетрпеливоста расте? Ана Николиќ сподели интимна фотографија од Раста и Наташа Беквалац

од Stefanija Kuzmanovska
485 прегледи

Српските медиуми со денови зборуваат за наводната нетрпеливост помеѓу Ана Николиќ и Наташа Беквалац, поради раперот и продуцент Стефан Ѓуриќ Раста, инаку поранешен сопруг на Ана Николиќ, со кој Беквалац неодамна сними дует. Последниот потег на Ана Николиќ дополнително ги разгоре ваквите сомнежи.

Како што беше објавувано, Ана Николиќ е бесна затоа што Наташа Беквалац е наводно во љубовна врска со Раста, а исто така била лута што Наташа ја закажала промоцијата на новото видео истиот ден кога таа пеела на отворање галерија во Белград.

Ана Николиќ сега го сподели спотот со Раста и Наташа на Инстаграм, користејќи фотографија на која тие двајца изгледаат интимно.

Беквалац, пак, не сакаше да ги коментира ваквите наводи.

Слични содржини