161
Јапонската приватна компанија „Ајспејс“ објави дека, очигледно, нејзиниот обид да испрати летало на Месечината пропаднал бидејќи контактот со него бил изгубен непосредно по слетувањето.
Доколку мисијата успееше, „Ајспејс“ ќе беше првата приватна компанија која би извела слетување на Месечината, пренесува АП.
Комуникацијата со леталото беше прекината кога се спушти на последните 10 метри, со брзина од околу 25 километри на час.