Поранешната членка на „Спајс грлс“ сакаше да се испроба како видео-блогерка и отвори канал на Јутјуб, со намера преку него да дели совети за убавина. Но, нештата не се онакви какви што се надевала.

Принтскрин/Јутјуб
На нејзиниот канал се претплатиле 100.000 следбеници, но нема никаков фидбек од нивна страна, а видеата се сосема малку прегледувани. Таа уживала во снимањата, но сето тоа чинело доста пари, а трошоците за продукција биле доста поголеми од самата заработувачка. Поради тоа е донесена одлука каналот да згасне.
Луѓе блиски на Викторија и Дејвид тврдат дека таа немала време да се занимава со каналот, па затоа се повлекува.
На Јутјуб постојат корисници кои месечно заработуваат по неколку илјадници евра благодарение на прегледите и пласманот на реклами во текот на видео-содржините. Очигледно, Бекамова не беше родена и за тоа.