Неуспешно прво лансирање на сателит од Велика Британија

од Stefanija Kuzmanovska
158 прегледи

Првата мисија за лансирање на сателит од Велика Британија заврши неуспешно, јавува Би-Би-Си.

Ракетата на компанијата „Вирџин орбит“ полета синоќа од космодромот во Њукеј, на југозападот на Англија, со намера да лансира сателити високо над Атлантскиот Океан.

Ракетата била активирана и изгледала дека има правилна траекторија, но потоа од компанијата стигнала вест дека ракетата претрпела „аномалија“ и дека сателитите што ги носела не можеле да бидат ослободени и се изгубени, наведува Би-Би-Си.

Слични содржини