“Фалкон 9” викендов во орбитата лансираше приватен сателит на луксембуршката компанија СЕС кој ќе ипсраќа телекомуникации на азискиот континент.

SpaceX планирал да го контролира вертикалното спуштање на ракетата на платформата на вода.
Но,за жал мисијата била неуспешна и по четврти пат беше уништена ракета вредна 55 милиони евра. Сепак челникот на компанијата на “SpaceX”, Илон Маск не е премногу загрижен што го изрази и официјално својот став прку Твитер.
– Не очекував дека ова ќе успее, но следниот пат летот ќе има добри шанси“, напиша јужноафриканскиот бизнисмен, основач на компанијата Тесла Моторс, PayPal и SpaceX.
Причини за неуспешното слетување биле токму поради фактот дека ракетата на патот за вселената во себе носела пет тони тежок сателит кој предизвика дополнително трошење на горивото.
“SpaceX” досега изврши три обиди на вертигално слетување на платформата на вода. Сите беа неуспешни поради неколку причини, но компанијата не се откажува од својата идеја ни по последното четврто промашување.
.