382
Невакцинираните возрасни лица во Франција веќе нема да можат бесплатно да се тестираат за коронавирус, освен ако тоа не го препорача нивниот лекар.
Тестовите остануваат бесплатни за вакцинираните возрасни и сите деца под 18 -годишна возраст. Меѓутоа, оние кои не се вакцинирани ќе треба да платат за тестовите од петок по цена од 22 до 45 евра.
Француската влада ја направи оваа промена како дополнување на одлуката за кови-документи, кои беа задолжителни во Франција од летото, пренесува АП.
Со цел да добијат ковид-дозвола, граѓаните мора да покажат сертификат за вакцинација, негативен тест или доказ за неодамнешна инфекција.
Ваквите документи се потребни за посета на туристички атракции, болници и домашен железнички и воздушен сообраќај.