328
Калифорнискиот ранч Неверленд (Недојдија), каде што 15 години живееше Мајкл Џексон, беше продаден за 22 милиони долари.
Имотот на околу 1100 хектари во ридовите на Санта Барбара го купи милијардерот Рон Беркли.
Плановите биле да се изгради клуб на езерото на кое излегува Неверленд. Милјардерот се откажал од тој план, но решил да го купи ранчот кога го видел од воздух.
Покрај главната куќа од околу 1.000 квадратни метри, имотот има и зграда со базен од повеќе од 300 квадратни метри, зграда со кино со 50 места, студио за танцување, амбар, како и пожарна и железничка станица во стилот Дизни.
Новата цена за која е продаден ранчот е значително помалку од 100 милиони долари за кои беше понудена во 2016 година.