Неверојатна акција на руски ветеринари: Патувале 4 часа за да помогнат на поларна мечка (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
233 прегледи

Руски ветеринари вчера полетаа до Диксон, пристаниште на Северниот морски пат, на само два часа лет од Северниот пол, за да ѝ помогнат на поларна мечка со лименка кондензирано млеко заглавена во устата.

Тимот по четиричасовен лет успеа да се доближи до поларниот круг и да ѝ помогне на поларната мечка и да ја извлече лименката од вилиците, изјави шефот на експедицијата.

Се испостави дека спасената мечка е всушност женка, која лошо си го пресекла јазикот, но се ќе биде во ред, изјави учесникот во спасувачката акција, пишува „Норилск никел“.

– Во моментов хируршки се третира јазикот на мечката, видливи се значителни исеченици. Но, се ќе биде во ред со животното – рече тој.

Кога процедурата ќе заврши и мечката ќе се разбуди од анестезија, овој љубител на кондензирано млеко ќе биде префрлен со хеликоптер во своето природно живеалиште.

Слични содржини