Кражба каква што не се памети се случи на приватниот имот Алдерсбрук на северниот дел од Лондон. Пет пиштоли, користени во филмовите Џејмс Бонд, биле украдени во понеделникот во попладневните часови. Полицијата ги моли граѓаните да им се јават доколку имаат било какви информации за кражбата, а веќе и добиле корисни информации.
Имено, соседите во текот на вечерта чуле булава. Три мажи бегале од имотот во сребрен автомобил. За жал, соседите не успеале да ја запонам регистрацијата. Ги опишале како белци со источноевропски нагласок. Британската полиција верува дека крадците влегле од задниот влез, а како мотив за грабежот наведуваат две можности.
Првата е, се разбира пари, со оглед на тоа што пиштолите се вистинско мало богатство. Не ја исклучиле можноста дека се работи за обожаватели на филмот кои сакаат да ја надополнат својата колекција.