Неверојатнa сообраќајнa сигнализација

од Vladimir Zorba
238 прегледи

Бауне е село во Франција за кое веројатно не сте слушнале, но сега можеби ќе го запаметите. Ова место се наоѓа на дел од регионалниот пат и дневно низ него минуваат 2300 возила. Не е многу, но за мало село – е!

Наводно, брзините биле многу поголеми од дозволеното, пренесува „ХАК“. Ова е причината зошто сообраќајните експерти се вклучија да помогнат и дојдоа до уникатна хоризонтална сигнализација. Идејата е – колку повеќе линии, толку подобро! Има разни линии, прави, кривулести, искршени… Се испреплетуваат, па клучното прашање е: Како да се вози на ваков пат?

Но, зад сето ова има една идеја – целта е максимално да се забави сообраќајот на раскрсницата, односно одговорните се обидоа да направат визуелно пореметување кое ќе ги поттикне возачите да ја намалат брзината.

Првите резултати покажуваат дека брзините на овој дел од патот се радикално намалени.