Средба со диво животно за време на возење по патишта далеку од градовите не е невообичаено и е многу чувствителна ситуација и може да биде опасно.
„Дашкам“ камера од автомобил во Полска сними ненадејна „блиска средба“ помеѓу возач на БМВ Серија 5 и група елени кои одеднаш се обидоа да го поминат патот со голема брзина. Возачот стапна на сопирачката за да избегне судир со првиот од нив, кој излета од шумата на улицата, но целото стадо го следеше.
Тогаш елените почнаа да трчаат по улицата, а некои од нив дури и скокнаа високо за да избегнат удари во БМВ-то. Еден од елените имаше помалку среќа и „слета“ на багажникот и задното стакло на овој автомобил од Серија 5.