Актерот Даниел Редклиф се прослави со улогата на Хари Потер во серијалот филмови за момчето волшебник кое посетува училиште за магија.
Минатата година се навршија 20 години од снимањето на првиот „Хари Потер“ филм, а Даниел сега ги изненади сите свои обожаватели со нови фотографии.
Имено, тој се најде во главната улога во филмот „Чудотворци“, чиј е и продуцент, а особено внимание привлече една сцена.
Ликот на Сид кој го игра Редклиф во споменатата сцена се појавува облечен само во долна облека, а во преден план е истакнато неговото мускулесто тело.
Жените ширум светот не останаа имуни на оваа глетка, а многумина коментираа дека не им се верува како слаткото момче од „Хари Потер“ се трансформирало во ваков заводник и дека ова е најдобриот начин да се види колку време поминало откако Редклиф стана познат до денес.