Неверојатна трансформација: Мишел Фајфер ги запрепасти сите со изгледот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
226 прегледи

Актерите поради улогите често се принудени да претрпат разни трансформации, а често се случува да бидат целосно непрепознатливи.

Токму тоа во една прилика успеа да го направи актерката Мишел Фајфер, која значително се промени поради потребата од филмот „Ѕвезденa прашина“.

Имено, таа ја толкувала улогата на вештерката Ламија која има преку 5.000 години, а шминкерите на Фајфер ја местеле маската по четири часа дневно.

Мишел на Инстаграм сподели фотографии од создавањето на оваа маска, а многумина коментираа дека актерката во ова издание ги „плаши“ и дека никогаш не би погодиле за која се работи, доколку не знаат дека таа е на фотографиите.

„Трансформацијата во Ламија. Мислам, погледнете ја оваа уметност! Благодарам на талентираниот тим што ме направи толку застрашувачка“, напишала Мишел тогаш за оваа улога што ја играше во 2007 година.

Мишел Фајфер шест години по ред е прогласена за една од 50-те најубави жени во светот, а неколку пати зборувала за тоа дека како мала не се сметала себеси за убава и дека немала самодоверба.

Слични содржини