546
Австралиската актерка Ребел Вилсон минатата година ја прогласи за година на здравјето, па затоа држеше строга диета, а резултатите гордо ги покажува од ден на ден.
Имено, таа рече дека ослабела 30 килограми, но судејќи според последните фотографии, се чини дека изгубила уште повеќе.
Актерката објави неколку фотографии од приватен авион на Инстаграм на кои позира во тесна црна комбинација, па го истакна тесниот струк.