Најголемиот фактор и законодавец во глобалната мрежа – Google, неочекувано падна и повлече со себе стотици сајтови, врзани со неговите услуги. Падот продолжи неочекувано долго и ја отежни работата на сите интернет корисници. Заедно со пребарувачот се блокира и платформата на YouTube. Проблеми има и со сите други услуги на мегакомпанијата – Gmail, Analytics, Google+, рекламните платформи AdSense, AdWords и др.
На регионално ниво Google падна не само во Македонија, туку и во Турција, Грција и Бугарија.
Причините за техничките проблеми се уште не се јасни.
