Неверојатно: Пилот спушти авион на автопат помеѓу автомобили во движење (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
313 прегледи

Пилот на мали авион мораше принудно да слета на автопат, додека автомобили возеа по него, а необичниот настан беше снимен од надзорните камери.

Неверојатното слетување се случи на 2 декември на автопатот 35W во Минесота, а снимките што подоцна беа објавени во медиумите покажуваат како авион од типот Bellanca Viking се спушта на автопатот помеѓу неколку автомобили во движење.

Кога ја допре земјата, автомобилите зад него одеднаш почнаа да кочат, а авионот малку удрил во возилото пред него.

Како што подоцна објави полицијата, во инцидентот нема повредени, причинета е само мала материјална штета.

Што го принуди пилотот да изврши принудно слетување, сè уште не е објавено.

Слични содржини