Алекс Бенки (36) бил на патување со брод во заливот Магдалена во Мексико кога љубопитен кит тежок 45 тони се појави во близина на бродот пред да се врати под вода.
Неверојатната снимка, направена на 1 февруари, покажува како сивиот кит повторно се појавува веднаш до чамецот на Бенки и ја приближува главата толку блиску што патниците успеале да ја бакнат неговата џиновска брада.
Во видеото, кое е прегледано повеќе од 248.000 пати на интернет и можете да го видите под статијата, китот му дозволува на Банки да ја потпре главата на неговата пред да ги попрска сите со вода.
Човекот од Род Ајленд вели: „Тоа беше неверојатно искуство. Треперев по неколкуте блиски средби што ги имавме. Тоа беше магично, единствено искуство. Сум видел китови и порано, но од далечина. Сум имал неколку поблиски средби со грбави китови на брегот на Индија, но ништо слично. Никогаш не замислував да допрам, па дури и да бакнувам кит. Мислам дека беше долг околу 15 метри. Китот имаше чиста, океанска миризба. Беше мек и мазен на допир, малку гумен“, рекол човекот, цитиран од Дејли Мејл.
Бенки тргна на турнеја со брод за да го прослави неговиот прием во американскиот корпус на трговска морнарица.
„Тоа беше прослава, бидејќи штотуку станав офицер“, додаде тој.