Темна бура широка 7.400 километри на ледената планета Нептун ги збуни астрономите откако ја смени насоката – феномен досега невиден.
Невреме, како темната дамка на Нептун, не е невообичаено нешто, но никој претходно не бил сведок дека такво се вратило кон половите откако се движело кон екваторот.
Користејќи слики од вселенскиот телескоп Хабл, астрономите рекоа дека промената на правецот е изненадувачка.
Бурата е поширока од Атлантскиот океан на Земјата, а „Хабл“ за прв пат ја откри темната бура во 2018 година на северната хемисфера на Нептун.
Една година подоцна, новите набудувања покажаа дека истата бура се движела кон екваторот, а компјутерските симулации сугерираат дека кога ќе се приближи до „зоната на смртта на Екваторот“, таа ќе биде уништена.
Сепак, последните согледувања од август 2020 година покажуваат дека очигледно се движи кон север, кон поларниот регион, што е феномен што ги збуни астрономите.
Се претпоставува дека ова можело да биде предизвикано од избувнување на мало невреме, што „Хабл“ го забележа и во август.
Овие „темни вртлози“ се системи под висок притисок кои можат да се формираат на средна ширина и кои на крајот би можеле да мигрираат на екваторот каде што се распаѓаат.
„Беше навистина возбудливо да се види овој процес кој се чини дека завршува, а потоа одеднаш тој едноставно застанува и оди во спротивна насока. Тоа беше изненадувачки “, рече научникот Мајкл Вонг.
Точната причина за преживување на темната бура е непозната, но Вонг верува дека може да биде поврзана со мала темна бура што се гледа на сликите.
„Не мислев дека се создава друг вртлог, бидејќи малиот е далеку кон екваторот. Значи, се наоѓа во овој нестабилен регион. Но, не можеме да докажеме дека тие се поврзани. Останува целосна мистерија“, додаде тој.
Астрономите планираат подетално да го проучат овој феномен, пренесува „Дејли Мејл“.
Војаџер 2, вселенски брод што сега е надвор од Сончевиот систем, забележал и две темни бури во 1989 година.