Невиден потоп на Јувентус во Милано за 18 минути

од Vladimir Zorba

Во неверојатниот натпревар од 31. коло од италијанскиот шампионат, фудбалерите на Милан го совладаа Јувентус на „Сан Сиро“ со резултат 4:2, а сите голови беа постигнати во второто полувреме.

Гостите поведоа со два гола по прецизните удари на Адриен Рабио во 47-та и Кристијано Роналдо во 53-тата минута, но „росонерите“ направија голем пресврт за пет минути преку Златан Ибрахимовиќ од пенал во 62-та минута, Френк Кеси во 66 и Рафаел Леао во 67-та минута. Анте Ребиќ стави точка на спорот во 80-та минута, постигнувајќи го четвртиот гол за домаќините

На седум кола пред крајот на првенството, „црно-белите“ останаа на првата позиција со седум бода повеќе од Лацио, додека „росонерите“ се петти со 49 бода по 4 победи и едно реми во последните 5 дуели.

Слични содржини