Невидено! Лондон потресен од огромен “мутиран” стаорец, откриен на игралиште

од desk3
107 прегледи

Стаорец со големина на тригодишно дете беше пронајден мртов на игралиште во северен Лондон, соопшти “Дејли мејл”. Огромното животно било забележано од 46-годишниот Тони Смит, кој работел за поправка на стан во областа. Мутантот лежел во грмушките околу лулашките. Смит првично одлучил да го исфрли труп во канта за отпадоци, но потоа размислил и направил неколку фотографии. Според него, животното тежи околу 11 килограми.

20160311.wyouxzvcbh

“Ова е најголемиот стаорец кој сум го видел некогаш. Јас имам мачка и куче и овој стаорец е поголем од моите две животни земени заедно “, коментира воодушевени Британец. Според општината во британската престолнина, во областа каде што е откриен мутантот, се спроведуваат активности за дератизација и најверојатно стаорецот проголтал отров и умрел од него.