„Невидлив“ бомбардер се урна во Америка

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Американски „невидлив“ бомбардер од типот B-1 Lancer се урнал при слетување во сојузната држава Јужна Дакота. Четворицата членови на екипажот, инаку стационирани во воздухопловната база Елсворт, безбедно се катапултирале.

Несреќата се случила околу 17:50 часот по локално време. Екипажот бил во мисија за обука, објави воздухопловната база Елсворт. Во моментот на несреќата видливоста била слаба, а температурите ниски.

B-1 е конвенционален суперсоничен бомбардер кој користи т.н стелт технологија, која драстично ја намалува радарската рефлексија и го прави „невидлив“. Првпат стапи во употреба во 1980-тите. Се користеше во азиско-пацифичкиот регион и за спроведување мисии за воздушна поддршка во операциите на САД во Авганистан.

Првично биле изградени 100 вакви летала, но сега помалку од 60 се во служба во воздухопловната база Дајс во Тексас и во воздухопловната база Елсворт во Јужна Дакота.

Слични содржини