Тренерот на Барселона, Чави Ернандез изрази исклучително пофални зборови за Реал Мадрид во пресрет на утрешното Ел Класико кое ќе се одигра во Мадрид.
Утре на Сантијаго Бернабеу во Мадрид ќе се одигра најголемото шпанско дерби и еден од најголемите дуели во светскиот фудбал. Реал ќе и гостува на Барселона.
Овој дуел го најави тренерот на каталонскиот тим Чави Ернандез. Тој најави дека Барса ќе игра на победа, но натрупа комплименти за постигнувањата на кралскиот клуб оваа сезона.
„Имаме шанса да се вратиме во борбата за Ла Лига. Излезе дека овој натпревар е најважниот во сезоната. Играме против тим кој е во одлична форма и кој штотуку го исфрли најдобриот тим во светот – Манчестер Сити во Лигата на шампионите“, вели Чави и додава:
“Велат дека Реал Мадрид има среќа. Јас не верувам во среќа, верувам само во напорна работа. Реал се бранеше во Манчестер? Мораа. Играа против најдобрите во светот и тоа е сосема легитимно. Тие завршија одлична работа. Имаме огромна почит кон Реал“, изјави тренерот на Барселона.