Невообичаена кражба: Печено јагнешко месо украдено од ресторан во БиХ

од Nikola Popovski
388 прегледи

Босанските медиуми пишуваат дека ноќта од среда кон четврток, провалници украле печено јагне од ресторан во градот Какањ.

„Во текот на ноќта од 27 до 28 јануари, на улицата 311 Лесна бригада, извршена е тешка кражба.

Непознати лица упаднале во ресторанот, сопственост на Ј.М. од Какањ, при што биле украдени печено јагне и шест пакувања свежо пилешко месо.

Истражителот на полициската станица Какањ спроведе истрага “, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на ЗДК.

Слични содржини