Невообичаена ситуација до која доведе скапото гориво

од Nikola Popovski
255 прегледи

Во САД рапидно расте бројот на возачи кои останале без гориво и морале да повикаат помош. Според шефот на полицијата во Мичиген, во последните 6-12 месеци бројот на повици до службите за помош на патиштата се зголемил за 60%, поради празните резервоари.

Поради загрижувачкиот тренд предизвикан од поскапувањето на горивата, полицијата на градот Ворен предупредува дека се повеќе возачи остануваат без гориво на патиштата. Возачите низ Детроит не само што го чувствуваат влијанието на високите цени на горивото, туку често избираат помеѓу парите и сопствената безбедност.

Американскиот автомобилски клуб ААА јавува дека цената на горивото ја надминала психолошката граница од 5 долари, бидејќи сега е потребно да се издвојат во просек 5.016 долари за галон гориво. Иако ова е благ пораст во однос на минатата недела, високите цени имаат невообичаено влијание врз возачите. Бројот на возачи кои останале без гориво и ги повикале ААА за помош нагло скокнал во последните 6-12 месеци и тоа за цели 60%.

Точната причина не е позната, но сосема е можно возачите да се придржуваат до старите навики како полнење гориво за 20 долари, без да ја проверат сумата, која сега е значително помалку од пред една година. На пример, за 20 долари минатата година во ова време, возачот полнел околу 6,5 галони гориво (24,6 литри), додека сега за истите пари добиваат само 4 галони (15,14 литри). Многу возачи се навикнале да не ја проверуваат состојбата на резервоарот на таблата, па се случува да останат без гориво.

Друга можна причина е тоа што некои возачи чекаат до последен момент да ја посетат бензинската пумпа, надевајќи се дека цените ќе паднат, што не е рационално размислување со оглед на тоа што цените растат поголемиот дел од годината.

Сепак, фактот што сè поголем број возачи остануваат без гориво не е најголемиот проблем. Според Вилијам Двајер, полициски комесар во градот Ворен, 21-годишен мотоциклист неодамна останал без гориво и загинал во несреќа додека го туркал моторот бидејќи возило го удрило одзади и му нанело фатални повреди.

Се уште не е познато зошто на овој мотоциклист му останало гориво, но возачот кој го удрил повикал помош од итната помош, но спас немало. Според Двајер, возачите треба да внимаваат на состојбата на резервоарот, бидејќи доколку останат без гориво, може да се најдат во животно загрозувачка ситуација, пишува „Autoklub“.

Слични содржини