259
Крајно необична глетка во рускиот град Јужно Сахалинск, на островот Сахалин. Припадници на руската армија за време на транспорт превртеле тенк Т-80 тежок 40 тони.
За несреќата, наводно, е виновен возачот на транспортерот за тенкови, бидејќи влегол во кривината со неприлагодена брзина, по што тенкот се лизнал од платформата и завршил на патот.
Во несреќата никој не е повреден, но неколку возачи се потенцијално загрозени, со оглед на тоа дека тенкот паднал на куполата недалеку од нивните возила, пренесува „Moscow Times“.
Во соопштението на руската армија се наведува дека тенкот, чија вредност се проценува на околу три милиони долари, не е оштетен, и дека по интервенцијата е вратен во базата.