Невозможна мисија: Гледајте како Том Круз „дрифта“ со една рака на воланот (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

АТРАКТИВНИ сцени се снимени на улиците на Рим.

Во најновото продолжение на популарната филмска франшиза, главната улога и натаму ја игра Том Круз како Итан Хант, придружуван од Хејли Атвел. Двајцата се врзани со лисици и бегаат од злобниците, користејќи се што е достапно, вклучително и БМВ од серијата 5, во нивниот обид.

Единствениот проблем со ова бегство од автомобил е што Круз има само една рака одврзана. Како што открива координаторот на акробации Вејд Иствуд, Круз го направи сето тоа сам, навистина возејќи го BMW со една рака.

Во еден момент го напуштаат БМВ-то и се префрлаат на стар жолт фиат 500, а потерата продолжува во истиот ритам. А малиот Фиат беше посебно изненадување.

Погледнете го видеото и дознајте како ја зачиниле потерата:

Слични содржини