Невреме предизвика колапс: Неколку лондонски аеродроми ги откажаа летовите

од Stefanija Kuzmanovska
271 прегледи

Сите летови се прекинати на лондонскиот аеродром „Станстед“, откако пистата беше затворена поради лошите временски услови, јавува Би-Би-Си.

„Станстед“ во неделата навечер изјави дека нејзината единствена писта е затворена за да се овозможи чистење на снегот и дека сите летови се прекинати.

„Хитроу“ и „Гетвик“, исто така, откажаа или одложија летови откако снег, замрзнат дожд и магла ја погодија Велика Британија.

Повеќе од 50 летови беа откажани во неделата на „Хитроу“, откако ледената магла доведе до ограничувања од страна на контролата на летање на бројот на авиони што може да слетаат и полетуваат за еден час, јавува Би-Би-Си.

За Шкотска, Лондон и југозападна Англија денеска останува жолто метео предупредување и се очекува да продолжи.

Возовите исто така доцнат, а возачите во овие делови на Велика Британија се предупредени да внимаваат по неколку сообраќајни несреќи на автопатот.

Слични содржини