421
Поради невремето што ја зафати Подгорица, на повеќе локации во главниот град на Црна Гора паднаа стебла, објави „ЦдМ“.
„Поради силниот ветер и обилните врнежи паднаа поголеми гранки на повеќе локации во градот“, соопшти „Зеленило Подгорица“.
Од синоќа, како што велат, нивните екипи се на терен и работат на што побрзо санирање на последиците за да се обезбедат непречени услови за движење на пешаците и сообраќајот.
Бурниот ветер направи проблеми и во Цетиње – во Долно поле падна дрво кое при паѓање оштети далноводи, јавува РТВ „Цетиње“.
Поплави се случија во Херцег Нови поради обилните врнежи.
Во Црна Гора и денеска ќе биде претежно облачно, повремено ќе врне дожд, а на места ќе има врнежи и грмежи.