НЕВРЕМЕ во Словенија: Едно лице загина во Блед

од Vladimir Zorba
431 прегледи

Невремето што ја зафати Словенија во средата попладне пред да удри во Хрватска, однесе еден живот во Блед, јави словенечката полиција, а пренесе агенцијата СТА.

Едно лице загина во Блед од паѓање на дрво, а друго е повредено. Две лица се повредени во удар на гром во кампот кај Мозирје на северот на Словенија.

Голема материјална штета е забележана низ целата земја, јавува агенцијата СТА. Град со големина на тениско топче падна во близина на Метлика, а илјадници луѓе останаа без струја, иако извештаите од електростопанството укажуваат дека прекините на струјата главно биле привремени.

Пожарникарите интервенирале во блискиот камп Менина, каде дрво паднало врз два шатори и автомобил, но за среќа нема повредени.

Пожарникарите од околу 300 противпожарни служби отстрануваат паднати дрвја, електрични и телекомуникациски столбови, покриваат отворени покриви, испумпуваат вода од поплавените згради и патишта и учествуваат во евакуацијата на граѓаните од загрозените подрачја.

Во Љубљана ветерот го откорнал металниот покрив на стадионот на Плечник, а во Целје од фудбалскиот стадион.

Ова е второ силно невреме што ја зафати Словенија за помалку од 24 часа.

Слични содржини