Невреме во попладневните часови ја погоди Хрватска, поточно ги зафати подрачјата на Каштела, Солин, Сплит и дел од Подстрана, а според податоците на Pljusak.com, на западот од Сплит за помалку од половина час наврнале 33 литри дожд на метар квадратен. Во Каштала, паднале 28, а во Солин 23, пишува Далмација.
Патем, просечните врнежи за Сплит во август изнесуваат 38 литри на метар квадратен. Ова значи дека само за време на денешниот дожд паднал речиси месечниот просек.
Поради огромното количество дожд, сплитските улици за кратко време се нашле под вода. Поројниот млаз исфрлил шахта во една улица, па сообраќајот во тој дел од градот се одвивал многу бавно. Водата, исто така, ја однела шахтата и кај Графичкото училиште.
Најлошо било во Блатин, каде што водата достигнала половина метар. Обилниот дожд не само што поплавил, туку и предизвикал кал на некои улици.
Split maloprije, urbana poplava zbog loše infrastrukture, odnosno zastarjelog sustava oborinske odvodnje! Moramo raditi na ovome inače ćemo imati velikih problema!
💦 @N1infoZG https://t.co/t92SNLc9T7— Tea Blažević (@blaTeabla) August 27, 2021