Незаборавен десерт од детството: Вафли со цимет

412 прегледи

Состојки:

250 гр брашно
50 гр бел шеќер
100 гр кафеав шеќер
2 лажички мелен цимет
4 лажички прашок за пециво
прстофат сол
400 мл млеко
100 мл масло
1 лажичка екстракт од ванила
2 белки

Подготовка:

Измешајте го брашното, шеќерот, циметот, прашокот за пециво во еден сад. Во смессата додадете млеко, масло и екстракт од ванила и сето тоа добро измешајте го.

Во друг сад, изматете ги белките и полека додавајте ги во смесата и мешајте со дрвена лажица.

Загрејте го апаратот за вафли и премачкајте го со малку масло, па истурете од тестото.

Печете отприлика две минути, додека тестото не прими златна боја.

Слични содржини