Незадоволство во Баерн од работата на Ковач

од Vlatko K
68 прегледи

По три натпревари без победа ситуацијата во Баерн Минхен е тензична.

Како што објави германски „Билд“ во клубот се зголемува сомнежот кон тренерот Нико Ковач, а дел од играчите веќе отворено искажале револт.

Според весникот минатата недела фудбалерот Хамес Родригез во соблекувалната отворено го обвинил тренерот.

Тој наводно бил бесен бидејќи подолго време поминува на клупата, а најавил и дека посакува да си замине од клубот.

Воедно играчите му забележуваат на Ковач и за пречестите ротации кои ги прави. Тие се жалат дека многу често тренерот ги повлекува и играчите кои играле одлично, како што беше случајот со Родигез против Шалке.

Претходно и претседателот на Баерн, Ули Хенес, јавно го предупреди Ковач дека мора да престане со пречестите ротации и да почне да победува.

 

Слични содржини